„САКАМ КОГА НАРКОМАНИТЕ УМИРААТ“ Познатиот комичар ја згрози јавноста со исмејувањето на смртта на Метју Пери
Американскиот комичар, писател и водител на подкаст „Misery Loves Company“ Кевин Бренан се најде на удар на критики на корисниците на социјалните мрежи откако ја исмеа смртта на актерот Метју Пери, кој беше пронајден мртов во џакузи во неговиот дом.
Американскиот комичар, писател и водител на подкаст „Misery Loves Company“ Кевин Бренан се најде на удар на критики на корисниците на социјалните мрежи откако ја исмеа смртта на актерот Метју Пери, кој беше пронајден мртов во џакузи во неговиот дом.
Бренан се „шегувал“ на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) кога ја коментираше објавата на ТМЗ за смртта на Чендлер Бинг од „Пријатели“:
– Се удави во топла када. Хахахаха – напиша Кевин на социјалните мрежи и ги шокираше сите.
DROWNED IN A HOT TUB. HAHAHAHA
Friends’ Star Matthew Perry Dead at 54 After Apparent Drowning https://t.co/fSA7d7hZ2f
— The MLC Podcast (@mlcpodcast) October 29, 2023
Неговото срамотно однесување предизвика згрозеност кај фановите и пошироката јавност, која беше ужасната од неговиот недостаток на емпатија. Но, тука не е крајот на неговата грубост, Бренан дополнително шокираше со изјавата што ја даде за ТМЗ.
– Не се потсмевав, само мислев дека е смешно. Но, ми се допаѓа кога умираат наркомани – изјавил тој.
Неговата изјава предизвика остри критики и бурни реакции, бидејќи се чини како да ужива во туѓа трагедија.
Кога го нападнале дека се потсмева со смртта на познатиот актер, водителот повторно проговорил и се обидел да се оправда со уште понепримерна „шега“.
Бренан беше прашан од неговите придружници што го прави смешно давењето во топла када, а тој продолжил да покажува нечовечност.
– Затоа што не е многу длабоко – напишал тој.