САГАТА ОКОЛУ ЃОКОВИЌ ПРОДОЛЖУВА Министерот Хок ниту денес не донесе одлука за депортација на Новак
Хок сè уште размислува за употреба на дискреционите овластувања да ја укине визата на 34-годишниот Србин, откако ги разгледал доказите обезбедени од адвокатите на Ѓоковиќ за ова прашање, изјави Морисон во Канбера.
Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок сè уште ја разгледува одлуката за статусот на визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.
Хок сè уште размислува за употреба на дискреционите овластувања да ја укине визата на 34-годишниот Србин, откако ги разгледал доказите обезбедени од адвокатите на Ѓоковиќ за ова прашање, изјави Морисон во Канбера.
– Ова се лични министерски овластувања што може да ги спроведува министерот Хок и нема да давам дополнителни коментари во овој момент – рече Морисон во забелешките што ги објави австралиската новинска агенција ААП.
Според ДПА, учеството на Ѓоковиќ на Австралија Опен следната недела останува нејасно во очекување на одлуката на Хок.
Судoт во Мелбурн во понеделникот го поништи откажувањето на визата на Ѓоковиќ минатата недела во однос на строгите правила за влез во Австралија поврзани со коронавирусот. Ѓоковиќ не е вакциниран, па поради тоа во документите за виза поднесе документ за медицинско изземање.
Кабинетот на Хок вчера соопшти дека дополнителните информации од адвокатите на Ѓоковиќ ја поместиле временската рамка за одлука.
И австралиските медиуми јавуваат дека Хок денеска нема да донесе одлука дали ќе му ја укине визата на Ѓоковиќ. Извор од федералната влада потврдил дека Хок сè уште размислува за ова прашање и дека нема да донесе одлука вечерва по локално време, јавија весниците „Сиднеј Морнинг Хералд“ и „Ејџ“.
Колумнистот на „Сандеј пејпер“ Пол Бонџорно вели дека Србинот ќе биде депортиран во четврток. Тој вели дека министерот за имиграција, Алекс Хок одлуката ќе ја донесе утре и Србинот ќе мора да ја напушти Австралија.