САД ПОДГОТВУВААТ ЦАРИНИ ОД 500% ЗА ЗЕМЈИТЕ КОИ КУПУВААТ РУСКИ НАФТА И ГАС Законот има поддршка од 80 сенатори
Законот, предложен минатата година од сенаторот Линдзи Греам, веќе доби поддршка од повеќе од 80 сенатори, но е во застој во Конгресот со месеци, додека претседателот на САД Доналд Трамп постојано се обидува да ја заврши четиригодишната војна преку преговори.
Американската администрацијата ќе поддржи закон со кој ќе се воведат тарифи до 500% за земјите што увезуваат руска нафта и гас.
Целта е да се ограничи еден од главните извори на финансирање на долготрајната војна меѓу Русија и Украина, објави група американски сенатори.
Законот, предложен минатата година од сенаторот Линдзи Греам, веќе доби поддршка од повеќе од 80 сенатори, но е во застој во Конгресот со месеци, додека претседателот на САД Доналд Трамп постојано се обидува да ја заврши четиригодишната војна преку преговори.
„Горди сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор со администрацијата на Трамп за продолжување на процесот на донесување на нашиот ажуриран Закон за санкции против Русија“, изјавија сенаторите Џин Шахин, Ричард Блументал, Роџер Викер и Линдзи Греам во заедничка изјава.
Тие најавија дека наскоро да ја презентираат конечната верзија на законот.
„Додека Русија го засилува убивањето цивили, од клучно значење е законодавната и извршната власт заеднички да создадат механизми за наметнување висока цена на оние што купуваат руска нафта и природен гас, со што ја финансираат воената машина на Путин“, додадоа сенаторите.
Сè уште не е познато на какви промени се согласиле пратениците и администрацијата на Трамп за да се овозможи продолжување на законот.