САД И ИНДИЈА ПРЕД ДОГОВОР Американските царини би можеле да паднат на 15%

Склучувањето на билатералниот трговски договор веројатно ќе биде објавено на самитот на АСЕАН овој месец.

230

Индија и САД се приближуваат кон долгоодложуван трговски договор што би ги намалил американските тарифи за индискиот увоз од 50 на 15-16 проценти, а договорот би можел постепено да ја намали увозот на руска сурова нафта од страна на Индија, објави  индискиот весник „Минт“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во вчера разговарал со индискиот премиер Нарендра Моди, главно за трговијата. Трамп рече дека енергијата е исто така дел од нивниот разговор и дека Моди го уверил дека Индија ќе го ограничи купувањето нафта од Русија.






-Тие нема да купуваат многу нафта од Русија. Тие сакаат таа војна да заврши исто како и јас. Тие сакаат војната со Русија, Украина да заврши и како што знаете, нема да купуваат многу нафта – изајви Трамп

Моди, исто така, потврди дека разговарале, но не ги прецизираше темите на разговорот.

„Ви благодарам, претседателе Трамп, за телефонскиот повик и топлите желби за Дивали. Нека светлината на нашите две големи демократии продолжат да го осветлуваат светот со надеж на овој фестивал на светлината и да застанат обединети против тероризмот во сите негови форми “, напиша Моди на платформата X, осврнувајќи се на хиндуистичкиот фестивал на светлината.

Како дел од разговорите со Вашингтон, Индија може да дозволи поголем увоз на американско пченкарно и соино брашно кое не е генетски модифицирано. Моменталниот увоз е  0,5 милиони тони годишно.

Договорот би можел да вклучува и механизам за периодични прегледи на тарифите и пристап до пазарот, соопштија медиумите.

Склучувањето на билатералниот трговски договор веројатно ќе биде објавено на самитот на АСЕАН овој месец, наведува весникот.

Поврзани содржини