САД ГО ОДБИЈА ПРЕДЛОГОТ НА РУСИЈА Украина останува во игра за НАТО

Блинкен посочи дека не е во состојба да дава гаранции, но вели дека е подготвен за долгорочно дипломатско решение, доколку Русија е волјна за разговор.

762

САД го одби барањето на Русија, да даде гаранции дека Украина нема да стане членка на НАТО во иднина. Државниот секретар Ентони Блинкен одговорот на Стејт департментот официјално го испрати до Кремљ, јавува Би-би-си.

Блинкен посочи дека не е во состојба да дава гаранции, но вели дека е подготвен за долгорочно дипломатско решение, доколку Русија е волјна за разговор.






Неговиот колега од Москва, министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, посочи дека одговорот на Американците е во Кремљ, каде во моментов се работи на неговаата анализа. Лавров додаде дека иако е негативно одговорено на главното прашање врано за Украина, тој наведе дека би можело да се разговара за второстепените прашања, чие разрешување би можело да доведе до намалување на тензијата.

Блинкен негираше дека постојат разлики помеѓу американскиот став за украинската криза и останатите сојузници од НАТО, нешто што од голем број на извори беше коментирано во изминатиот период.

Во наредните две недели е договорено претставниците на Франција, Германија и Русија да разговараат за иднината на Украина, обидувајќи се да изнајдат взаемно решение, со цел да се избегнат воените дејства.

Поврзани содржини