САД ГИ ПОВИКАА АМЕРИКАНЦИТЕ ДА ГО НАПУШТАТ ИРАН Се соочуваат со безбедносни ризици, тероризам, киднапирања и притворања

Граѓаните сами треба да го организираат заминувањето од Иран, бидејќи американската администрација не може да им помогне поради тоа што САД немаат амбасада во Техеран.

147

Соединетите Американски Држави ги повика своите државјани веднаш да го напуштат Иран поради сериозни безбедносни ризици, тероризам, немири, киднапирање и притворања на американски граѓани.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во поединечни случаи и со смртна казна“.






Исто така, се посочува дека граѓаните сами треба да го организираат заминувањето од Иран, бидејќи американската администрација не може да им помогне поради тоа што САД немаат амбасада во Техеран.

Предупредувањето е издадено во момент кога САД и Иран преговараат за нуклеарната програма на Техеран. Но, и за преговорите во Оман има различни информации, односно, дека американската делегација ги напуштила преговорите. Досега само Министерството за надворешни работи на Оман соопшти дека министерот Сајад Бадр Албусади остварил одвоени средби со иранската и со американската делегација.

 

Поврзани содржини