САД ЌЕ ПРЕГОВАРА, АКО РУСИЈА ЈА ПОВЛЕЧЕ ВОЈСКАТА Блинкен вели дека се забрзува испораката на противвоздушно оружје во Украина
Според него, САД се отворени за преговори со Русија во различни сфери, вклучително и безбедноста, „но за дипломатија е потребна деескалација во Украина“.
САД се подготвени за дијалог за Украина доколку Русија ја повлече својата војска, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
– Доколку Русија ги повлече своите сили и е подготвена за преговори, ние сме подготвени да го сториме истото – рече Блинкен.
Според него, САД се отворени за преговори со Русија во различни сфери, вклучително и безбедноста, „но за дипломатија е потребна деескалација во Украина“.
Блинкен рече дека западните земји ги координираат акциите насочени кон забрзување на испораката на опрема за противвоздушна одбрана, противтенковски системи и друго оружје за Украина.
Шефот на американската дипломатија изјави дека САД документираат случаи на убиства на цивили за време на руската инвазија врз Украина и ќе побараат одговорност за тоа.