САД ЌЕ ГО ПРЕНЕСУВААТ ВО ЖИВО СТРЕЛАЊЕТО НА ПОРАНЕШНИОТ МАЈОР Осудениот Нидал Хасан изврши масакар во воена база во Тексас
Хасан во ноември 2009 уби 13 војници и рани 32 во напад во воената база Форт Худ во Тексас, каде работел како воен психијатар, а на судењето рекол дека верува оти ги штити муслиманите и Талибанците во Авганистан.
САД преку пренос во живо ќе го прикажат извршувањето на смртната казна со стрелање врз поранешниот мајор Нидал Хасан, закажано за 3 декември, соопшти претставник на Пентагон, а потврди и министерот за војна, Пит Хегсет..
Хасан во ноември 2009 година изврши масакар – уби 13 војници и рани 32 во напад во воената база Форт Худ во Тексас, каде работел како воен психијатар.
Тој ќе биде првиот воен осуденик што ќе биде стрелан во САД од 1945 година.
Correct.
— Pete Hegseth (@PeteHegseth) October 8, 2026
Неименуван претставник на Пентагон не даде дополнителни информации за извршувањето на казната, туку најави дека деталите ќе бидат објавени подоцна.
Хасан, воен психијатар од Вирџинија, уби 13 војници и рани 32 во база во Тексас во 2009 година. Подоцна, на военото судење во 2013 година признал дека тој бил вооружениот напаѓач и се извини за „сите свои грешки“. Рекол дека верува оти ги штити муслиманите и Талибанците во Авганистан.
Хасан беше прогласен за виновен за 13 обвиненија за убиство со умисла и 32 обвиненија за обид за убиство. Порота од 13 воени офицери едногласно препорача смртна казна.
Убиствата од 5 ноември 2009 година беа најсмртоносниот напад врз американска воена база што не е поврзан со борба. Нападот се случил во преполна медицинска зграда каде што војниците што се подготвувале да одат на терен чекале медицински прегледи и вакцинации.
Хасан е еден од четворицата затвореници кои чекаат смртна казна во американската војска. Според воениот закон, извршувањето на воена смртна казна бара одобрение од претседателот на САД.
Последното лице погубено во војската беше војникот Џон Бенет, кој беше обесен во 1961 година за силување 11-годишно девојче.