СЀ УШТЕ НЕМАТЕ ДОБИЕНО К-15 „Гласен Текстилец“ повикува на масовно пријавување на работодавачите

Пријавувањето е анонимно и ве охрабруваме да пријавувате прекршување на работнички права, бидејќи заштита доаѓа најпрвин од самите вас како работници, се вели во соопштението од „Гласен Текстилец”.

613

Рокот за исплата на регрес за годишен одмор или познато како К-15 помина. Во денешното соопштение од НВО „Гласен Текатилец” се вели дека правото на регрес за годишен одмор К-15 претставува законска обврска на работодавачот. Рокот за исплата на регресот е до 31 декември.

– Ве повикуваме до 15 јануари 2022 година, да пријавите доколку не ви е исплатен регрес од годишен одмор или ви е исплатен само дел од предвидениот надоместок за уредно да можеме да реагираме и пријавиме до Државниот трудов инспекторат, се со цел работодавачот да биде задолжен за негова исплата и соодветно санкциониран – велат од „Гласен Текстилец”.






Тие ги информираат работниците дека доколку во фирми каде има исплата на регрес од годишен одмор во помал износ, а имало потпишано спогодба со претставник од работниците, ќе побараат да се испита законитоста за назначување на тој претставник со целата потребна документација.

– Пријавувањето е анонимно и ве охрабруваме да пријавувате прекршување на работнички права, бидејќи заштита доаѓа најпрвин од самите вас како работници – се вели во соопштението од „Гласен Текстилец”.

Ги повикуваат ССМ и Организација на работодавачи да го ревидираат Колективниот договор за стопанството, се со цел да не се дозволува простор за манипулација и исплата на регрес за годишен одмор во помал износ од предвидениот законски износ.

– Ние како Здружение ќе продолжиме да правиме притисок правото на регрес за годишен одмор во влезе во самиот Закон за работни односи и да важи подеднакво за сите работници/чки од јавен и приватен сектор, за да не се случуваат вакви манипулации кои синдикатот ги дозволи во ОКД за приватен сектор – додаваат од „Гласен Текстилец”.

Поврзани содржини