СЀ УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ВО ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА На 11 јануари ВМРО-ДПМНЕ ќе разговара за кандидатите за министри и заменици-министри

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека сѐ уште нема добиено покана за лидерска средба.

264

ВМРО-ДПМНЕ на 11 јануари ќе има Извршен комитет и Централен комитет на партијата, на кој ќе се разговара за кандидатите за министри и заменици-министри, по што ќе се знаат имињата, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за техничката влада, Мицкоски рече дека неговиот став е јасен и ќе го соопшти и на централниот и на извршен комитет на партијата.






– Талат Џафери не ја заслужува поддршката на ВМРО-ДМНЕ и ќе се воздржиме од гласање – рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред Соборниот храм во Скопје, каде присуствуваше на свечена божествена литургија по повод Божиќ.

За членовите на ДИК, Мицкоски, рече дека ја анализираат состојбата.

– Ја анализираме состојбата. Не сакаме да оставиме да продолжат да дивеат Спасовски, Ковачевски, Зечевиќ, Маричиќ, Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и останатите и затоа многу внимателно ќе размислуваме како ќе се однесуваме во периодот што следи – изјави Мицкоски.

Мицкоски, исто така, рече дека сѐ уште нема добиено покана за лидерска средба.

Поврзани содржини