СЀ ПОИЗВЕСНО Е ДЕКА ТРАМП ЌЕ УДРИ ВРЗ ВЕНЕЦУЕЛА Американски сенатор вели дека „копнен напад е реална можност“

Сенаторот Линдзи Греам посочи дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ги „прошири“ воените операции во регионот, додавајќи дека Трамп го прави „тоа што е правилно“. „Николас Мадуро е шверцер на дрога и време е да си оди“, вели Греам.

467

Американскиот сенатор Линдзи Греам синоќа изјави дека копненен напад на САД врз Венецуела е „реална можност“.

– Мислам дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека Николас Мадуро, претседателот на Венецуела, е шверцер на дрога и дека е време да си оди. Претседателот Трамп рече дека Венецуела и Колумбија предолго се безбедни засолништа за наркотерористи – рече Греам вчера за Си-Би-Ес.






Тој посочи дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ги „прошири“ воените операции во регионот, додавајќи дека Трамп го прави „тоа што е правилно“.

– Трамп ми кажа вчера дека планира да ги информира членовите на Конгресот кога ќе се врати од Азија за потенцијалните идни воени операции против Венецуела и Колумбија. Јас ја поддржувам таа идеја“, рече Греам.

Тој исто така рече дека Конгресот ќе биде информиран за плановите за копнени операции, нагласувајќи дека ова не е инвазија, но повторно повика на отстранување на претседателот Мадуро.

Иако Уставот на САД му дава на Конгресот ексклузивно право да објави војна, Греам тврди дека администрацијата на Трамп има овластување да спроведува напади.

– Сенаторите заслужуваат повеќе информации и ќе ги добијат, но Конгресот нема обврска да објави војна пред претседателот како врховен командант да може да употреби сила. Панама и Гренада се примери каде што републиканските претседатели дејствувале за да го заштитат американскиот народ – нагласи републиканскиот сенатор.

Во услови на зголемени тензии, САД спроведуваат воздушни напади врз венецуелски и колумбиски бродови во Карибите и Тихиот Океан, а администрацијата на Трамп тврди дека спроведува целни напади врз бродови што превезуваат дрога и членови на картели. Од 2 септември, најмалку 43 лица загинаа во американски напади врз 10 бродови во Карипското Море и источниот Пацифик, според американските медиуми.

 

СЕ СТЕГА ОБРАЧОТ ОКОЛУ ВЕНЕЦУЕЛА Трамп распореди бродови и борбени авиони во Карипското Море

Поврзани содржини