РУСКИОТ МИРОВЕН ПРЕДЛОГ ЗНАЧИ РУСКА ДОМИНАЦИЈА Саливан го оцени како целосно апсурдна верзија

Рускиот претседател Владимир Путин бара Киев да се откаже од намерата да влезе во НАТО и Украина да ги повлече своите трупи од целата територија на новите руски региони за да започнат мировните преговори.

471

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, денеска изјави дека најновиот мировен предлог на Русија за Украина води „до натамошна доминација на таа земја“ и дека тоа е „целосно апсурдна визија“.

Тој, исто така, им рече на новинарите дека отсуството на Кина на мировниот самит во Украина веројатно е резултат „на повикот на Русија да не присуствува“, објавија британските медиуми.






Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека Украина мора да ги повлече своите трупи од целата територија на новите руски региони за да започнат мировните преговори.

На средбата со раководството на Министерството за надворешни работи, Путин рече дека друг услов за преговори мора да биде изјавата на Киев дека се откажува од намерата да влезе во НАТО.

Поврзани содржини