📽️ РУСИТЕ УНИШТИЈА ЦЕЛА ЗГРАДА ВО ХАРКОВ Две лица загинаа, а 34 се повредени во утринскиот напад

Киев пост пишува дека луѓето можеби сѐ уште се заробени под урнатините. Итните служби се на терен и го расчистуваат теренот.

238

Руски напад уништи цел дел од станбена зграда во Харков. Пријавени се многу повреди, вклучително и едно дете, објави Киев пост на Х со видео од погодената зграда. Украинска Правда пишува дека 24 луѓе се повредени.

Киев пост пишува дека луѓето можеби сѐ уште се заробени под урнатините. Итните служби се на терен и го расчистуваат теренот.






Шефот на воената управа на регионот Харков, Олег Синебухов, извести дека на местото на нападот избувнал пожар и дека влезот во зградата е целосно уништен. Оштетени се цивилни возила.

 

Поврзани содржини