РУСИТЕ НИ СО КЕШ ОД 10.000 ДОЛАРИ НЕ МОЖАТ НАДВОР Путиновиот декрет важи од денеска
Потегот доаѓа откога санкциите од западните земји ја осакатија руската економија и ја намалија вредноста на рубљата.
Руските граѓани веќе не можат да ја напуштат земјата со над 10.000 долари во странска валута во рака, откако претседателот Владимир Путин издаде таков декрет.
Наредбата стапува во сила од денеска, јави Би-Би-Си.
Потегот доаѓа откога санкциите од западните земји ја осакатија руската економија и ја намалија вредноста на рубљата.
Русите нема да можат да плаќаат и со Американ Експерс бидејќи таа се приклучи на растечката листа на големи финансиски институции кои ги прекинуваат врските со Русија поради нејзината инвазија врз Украина.
– Од почетокот на оваа криза се придржувавме кон американските и меѓународните санкции, што резултираше со прекин на односите со банкарските партнери во Русија и ќе продолжиме да се придржуваме до сите релевантни закони како што се развива ситуацијата – рече шефот на Американ Експрес Стивен Скуери.