РУСИТЕ ИМАЛЕ 75 ОТСТО ЗАГУБИ ВО ЦРНОТО МОРЕ Украинците тврдат дека убиле 158, а раниле 500 војници
Тие, исто така, тврдат дека руската 810-та посебна бригада изгубила 158 војници кои биле убиени од украинските сили, додека околу 500 други биле ранети, а 70 се сметаат за исчезнати. Руските сили имаат за цел да воспостават целосна контрола над регионите Доњецк и Луганск, како и да одржат копнен коридор со привремено окупираниот Крим, додаде украинската армија.
Руската 126-та бригада во Црното Море претрпе загуби од 75 отсто, тврди украинското воено разузнавање.
„Според достапните информации, загубите на 126-та бригада на Црноморската флота изнесуваат 75 отсто“, се наведува во најновиот оперативен извештај на Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Тие, исто така, тврдат дека руската 810-та посебна бригада изгубила 158 војници кои биле убиени од украинските сили, додека околу 500 други биле ранети, а 70 се сметаат за исчезнати. Руските сили имаат за цел да воспостават целосна контрола над регионите Доњецк и Луганск, како и да одржат копнен коридор со привремено окупираниот Крим, додаде украинската армија.
„Главните непријателски напори се насочени кон пробивање на нашата одбрана во областите Луганск и Доњецк, како и воспоставување целосна контрола над градот Мариупол“, велат украинските воени разузнавачки служби.