РУСИЈА СЕ НАВИКНА НА ЖИВОТОТ ПОД САНКЦИИ Европа сама си штети, посочи Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли новите мерки на ЕУ како еднострани и незаконски, оценувајќи дека се дел од постојаната антируска политика на Брисел. Тој додаде дека секој нов пакет санкции претставува „нож со две острици“ што носи штета и за самите земји што ги воведуваат.

152

Русија разви одреден имунитет на западните санкции и се навикна на нив, соопшти Кремљ во петокот, откако Европската унија го усвои 18-от пакет санкции против Москва, вклучително и мерки насочени кон нејзината нафтена индустрија, објави Ројтерс.

Пакетот има за цел да ја намали цената што земјите од Г7 ја плаќаат за руската сурова нафта на 47,6 долари за барел, изјавија дипломати за Ројтерс.






На прашањето за новите мерки на ЕУ, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги опиша како еднострани и незаконски, велејќи дека тие се во согласност со, како што рече, „доследниот антируски став“ на Европа.

– Но, истовремено, се разбира, веќе стекнавме одреден имунитет од санкциите, се навикнавме на животот под санкции. Се разбира, ќе треба да го анализираме новиот пакет за да ги минимизираме неговите последици. Но, покрај тоа, секој нов пакет санкции носи негативен ефект и за земјите што ги поддржуваат. Тоа е оружје со 2 острици – изјави Песков пред новинарите.

Руската влада и трговски извори го минимизираа влијанието на новите ограничувања, изразувајќи сомнеж дека тие значително ќе ја нарушат руската трговија со нафта.

Поврзани содржини