РУСИЈА МОБИЛИЗИРА 60.000 ВОЈНИЦИ Се подготвува за офанзива во Донбас
Британското Министерство за одбрана утрово на Твитер објави дека руските трупи, вклучително и платеници од руската државна приватна воена компанија Вагнер, се распоредени во оваа област.
Украинската војска утринава, тврди дека Русија започнала „скриена мобилизација“ од околу 60.000 војници за да ги надополни единиците по загинатите војници во Украина.
„Вооружените сили на Руската Федерација планираат да ангажираат околу 60.000 луѓе за време на мобилизацијата“, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили.
Официјални лица додадоа дека украинските сили спречиле седум напади на територијата на Доњецк и Луганск во изминатите 24 часа.
Британското Министерство за одбрана утрово на Твитер објави ажурирани најнови разузнавачки информации за движењата на руската војска во Украина, пренесува Би-Би-Си.
„Руските сили продолжуваат да се консолидираат и реорганизираат додека ја рефокусираат својата офанзива во регионот Донбас на истокот на Украина.“, се наведува во извештајот.
Во него се истакнува и дека руските трупи, вклучително и платеници од руската државна приватна воена компанија Вагнер, се распоредени во оваа област.