РУСИЈА ЛАНСИРАШЕ НОВ САТЕЛИТ „Сојуз-2.1а“ ја исполни мисијата без проблеми

Леталото навреме е исфрлено во целната орбита и е под контрола на руските Воздухопловно-космички сили

135

Лансирањето на ракетата-носач „Сојуз-2.1а“ од космодромот Плесецк во Архангелската област се одвиваше според планот, а сателитот беше успешно поставен во предвидената орбита, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Како што се наведува во соопштението, ракетата денеска го изнесе леталото во вселената, кое навреме беше исфрлено во целната орбита и преземено под контрола од копнените системи на Воздухопловно-космичките сили.






„Во предвиденото време, леталото беше поставено во целната орбита и функционира нормално“, се додава во соопштението на Министерството за одбрана.

Поврзани содржини