РУСИЈА ГО ОПОМЕНА ВУЧИЌ Захарова бара Србија да го сопре оружјето за Украина

Портпаролката на руското МНР изјави дека Русија е уверена дека Србија е целосно свесна за ризиците поврзани со пад на нејзините воено-индустриски производи во рацете на режимот во Киев.

1,029

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија е уверена дека Србија е целосно свесна за ризиците поврзани со пад на нејзините воено-индустриски производи во рацете на режимот во Киев.

Захарова нагласи дека Москва ги забележала неодамнешните коментари на српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со производите на наменската индустрија, кога тој се осврна на изјавата на Руската служба за надворешно разузнавање од 29 мај за српските одбранбени компании што го снабдуваат Киев со муниција, што е во спротивност со прокламираната неутралност на Србија.






– Веруваме дека најавените мерки ќе овозможат брзо идентификување и прекинување на сомнителните извозни операции, што ќе спречи српските воени производи да стигнат до несакани приматели – рече Захарова.

Таа изрази надеж дека Србија ќе преземе ефикасни и доволни чекори за да се осигури дека проблемот нема да ги оштети силните односи меѓу Москва и Белград.

Поврзани содржини