Рудникот „Боров дол“ ќе проработи годинава, „Бетон“ почнува да ги гради објектите
Рокот за изведба на работите е 6 месеци.
Градежната компанија „Бетон“ ќе гради објекти на рудникот „Боров дол“ во Радовиш, објави компанијата на Македонска берза.
Компанијата потпиша договор со друштвото „Боров дол“ во вкупна вредност од 352.125.266 денари ( повеќе од 5,7 милиони евра) без пресметан ДДВ.
„Бетон“ ќе гради изливен базен од површински коп, пречистителна станица, брана и акумулација, административна зграда со ресторан и амбуланта, бензиска пумпа и улична инфраструктра.
Рокот за изведба на работите е 6 месеци.
Рудникот за бакар и злато „Бучим“ ја доби дозволата за екслопатација на руда од новото рудно тело „Боров дол“ во 2018 година. Инвестицијата ккао што беше најавено ќе изнесува 53 милиони евра, а рокот за почеток на работа на раудникот , како што беше најавено, е 2020 година.