РОНАЛДО СИ ИЗВОЗИ ПРЕКУ ТРОТОАРСКОТО ОСТРОВЧЕ Возачите бесни, во Ријад сообраќајот е хаос(ВИДЕО)

Легендата Кристијано Роналдо вози по тротоар. Се надеваме дека ќе биде уапсен што е можно поскоро, пишува под снимката која се појави на Твитер.

352

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо тешко се справува со сообраќајниот хаос во седуммилионскиот град Ријад во Саудиска Арабија. Тој со својот џип преку тротоар влезе на главната улица, а останатите возачи нервозно му свиреа, покажува снимка објавена на Твитер.

„Легендата Кристијано Роналдо вози по тротоар. Се надеваме дека ќе биде уапсен што е можно поскоро“, пишува под снимката.






За ваков прекршок во Ријад може да се заработи парична казна, но не и затвор.

 

Поврзани содржини