Роналдо му кажувал на судијата Мареска како да суди, но и тоа не му донесе победа на Јувентус
Натпреварот заврши без победник, двата тима постигнаа по еден гол, а еден од стрелците беше токму Кристијано Роналдо.
„Дозволи да се игра повеќе, немој секој контакт да го судиш!“ Ова му го рекол Кристијано Роналдо на судијата Фабио Мареска на крајот од првото полувреме на вчерашниот натпревар помеѓу Јувентус и Верона.
Натпреварот заврши без победник, двата тима постигнаа по еден гол, а еден од стрелците беше токму Кристијано Роналдо.
Јувентус веќе прилично многу заостанува пред лидерот Интер, а повеќе од очигледна е нервозата кај „бјанконерите“, како и кај тренерот Андреа Пирло кој по завршувањето на вчерашниот меч се искара со новинарите.