Романтичниот Ѓоковиќ ѝ приреди изненадување на сопругата (ФОТО)
Јелена на своите фанови на социјалните мрежи им покажа каков пречек имала од Новак.
Сопругата на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, денес отпатува од Белград во Париз со авион и беше воодушевена од изненадувањето што ѝ го приреди нејзиниот сопруг.
Таа на своите фанови на социјалните мрежи им покажа каков пречек имала од Новак.
Имено, тој ѝ подготвил појадок, ѝ сварил кафе, а на лист напишал „Те сакам!“.