РОМАНЦИТЕ „ПЛАЧАТ“ Теренот за игра во Скопје е ужасен!

Утре, на денот на независноста на Македонија, македонската фудбалска репрезентација ја пречекува селекцијата на Романија од 20:45 минути на најголемиот фудбалски храм во нашата земја.

822

Фудбалската репрезентација на Романија од вчера е во Скопје, а играчите, новинарите и фоторепортерите веќе имаа прилика да се запознаат со условите на арената „Тодор Проески“, и според изјавите, се чувствуваат непријатно и исплашено.

Јанис Хаџи кој го даде победничкиот гол за 3-2 на првиот меч во Букурешт, изјави дека уште пред да дојдат во Скопје знаеле оти теренот не е во најдобра состојба, но некои романски медиуми детално опишуваат што виделе и тоа го поткрепуваат со фотографии.






– Теренот е нерамен, полн со дива трева. Пред головите, трева нема, туку само земја – пишуваат Романците.

Менаџерот на стадионот им објаснил дека на овој терен се играат многу натпревари и тоа е причината за моментната состојба која е далеку од идеална, и дека нема шанси да се поправи теренот додека на него се играат толку многу натпревари.

За многумина ова би било класично подготвување на алиби во случај на неуспех против Македонија.

Утре, на денот на независноста на Македонија, македонската фудбалска репрезентација ја пречекува селекцијата на Романија од 20:45 минути на најголемиот фудбалски храм во нашата земја.

За потсетување, имаме ненаплатен долг од првиот меч, оној на гостински терен кој заврши со наш пораз од 3:2 по шокантната заршница во која македонските фудбалери од 2:0 негатива усепаја да дојдат до 2:2, но во финишот примија уште еден гол.

Поврзани содржини