РОМАНЦИТЕ НЕМОЌНИ ПРОТИВ ХОЛАНДИЈА По 16 години „лалињата“ се пласираа во четвртфинале

Противник на Холандија во четвртфиналето ќе биде победникот од вечерашната последна осминафинална пресметка меѓу Австрија и Турција.

93

Холандската фудбалска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на ЕВРО2024, откако во доминантен стил ја совлада вечерва Романија во Минхен со 3-0 (1-0).

Холанѓаните дојдоа во водство во 20 минута со голот на Гакпо, кој во 83 минута му асистираше на Мален за удвојување на предноста.






Мален стави точка на победата на Холандија со својот втор гол на натпреварот во судиското продолжение.

Противник на Холандија во четвртфиналето ќе биде победникот од вечерашната последна осминафинална пресметка меѓу Австрија и Турција.

Поврзани содржини