РОДЕНДЕНСКИ ПРОМОЦИИ ЗА ВЕРНИТЕ КЛИЕНТИ Стопанска банка а.д. Битола слави 75 години
Дел од поволностите се однесуваат на физички лица кои оваа година полнат 75 години и за нив се подготвени промотивни роденденски пакети.
Стопанска банка а.д. Битола е една од банките со најдолга традиција на македонскиот пазар која прославува јубилејни 75 години постоење.
Со текот на годините оваа домашна банка докажа дека нејзината визија за квалитетна банкарска услуга е остварлива и доверлива.
По повод овој голем јубилеј, Стопанска банка а.д. Битола нуди повеќе промотивни поволности за различни групи клиенти. Дел од поволностите се однесуваат на физички лица кои оваа година полнат 75 години и за нив се подготвени промотивни роденденски пакети.
Сите клиенти кои во 2023 година наполниле или ќе наполнат 75 години се ослободени од провизии за водење трансакциска сметка почнувајќи од 01.06.2023 до 31.12.2023 година.
Сите клиенти кои во 2023 година наполниле или ќе наполнат 75 години и имаат во банката депозит над 1.000.000 денари – банката ги наградува со каматна стапка на депозитот повисока за 1,5 процентен поен над важечките во Банката на соодветните рочности во периодот од 01.06.2023 до 31.12.2023 година.
Сите клиенти кои во 2023 година наполниле или ќе наполнат 75 години и дo 31.12.2023 година ќе орочат депозит над 1.000.000 денари – банката ги наградува со каматна стапка на депозитот повисока за 1,5 процентен поен над важечките во Банката на соодветните рочности во периодот од 01.06.2023 до 31.12.2023 година.
Овој голем јубилеј го заокружува успешното работење на Стопанска банка а.д. Битола и ветува уште многу успешни приказни на банката заедно со своите клиенти чие задоволство е и главниот фокус на работењето во изминатите 75 години.