Роден на 5.000 метри надморска височина: Мајката добила контракции и влегла во хеликоптер, но бебето не можело да чека
Кога на 4 август добила болки во стомакот, мајката била во 35-та недела од бременоста и претпоставила дека најверојатно ќе мора да оди во болница, но не сметала дека работата е толку итна.
Мајката на малиот Скај Арон веројатно ќе мора да му ја раскаже приказната за тоа како дошол на овој свет, откако се родил на 18.000 стапки или на 5.460 метри во воздухот, затоа што Кристал добила контракции и требало итно да биде пренесена во болница.
Кога на 4 август добила болки во стомакот, таа била во 35-та недела од бременоста и претпоставила дека најверојатно ќе мора да оди во болница, но не сметала дека работата е толку итна. Околу 19 или 20 часот, контракциите започнале да се интензивираат, па нејзиниот сосед повикал брза помош.
Таа била пренесена во болница во Гленален, Алјаска, но бидејќи таа болница нема породилно одделение, лекарите решиле да повикаат тим за евакуација.
Мајката била качена во хеликоптер на 5 август, но по само 20 минути лет и покнал водењакот и набргу се породила.
– Морав да туркам веднаш. Легнав на грб и едноставно се породив – вели мајката, која на почетокот не била сигурна како да го именува своето четврто дете.
Идејата потекнува од роднина која мислела дека детето треба да го носи името по местото на раѓање, што мајката со воодушевување го прифатила и го именувала момчето Скај Арон.
Иако често имаат интервенции, тимот за итна медицинска помош од хеликоптерската служба не е често се наоѓа во ситуација да донесе бебето на свет во текот на летот.
– Во мојата 20-годишна кариера, можам да се сетам на четири раѓања – рече Стив Хејано.
Скај Ерон имал околу 2,3 килограми кога се родил и првично имал проблеми со дишењето, па бил поврзан со апарат за дишење во одделот за интензивна нега на новороденчињата. Тој беше отпуштен по околу две седмици, на 22 август, и сега е дома со семејството и добро се развива.