Сопругата на оскаровецот Том Хенкс, Рита Вилсон, првпат се гласи на Инстаграм по обелоденувањето од страна на актерот дека се позитивни на коронавирусот.
Таа на својот инстаграм-профил објави видео кое јасно покажува како го поминува времето додека е на домашно лекување.
Холивудската sвезда Том Хенкс (63) и неговата сопруга, актерка и пејачка Рита Вилсон (63) беа пуштени од болница откако дознаа дека се заразени со коронаренвирус, но и понатаму се наоѓаат во карантин.
Славната актер е првата јавна личност која откри дека е позитивна на ковид-19, а тој и неговата сопруга се заразија во Австралија, каде што Хенкс ја снимаше биографијата за Елвис Присли.
И двајцата беа пуштени од болницата по неколку дена, но сè уште се во изолација.
Бидејќи се огласија на Инстаграм и за време на изолацијата во болницата, каде ги информираа обожавателите за нивната здравствена состојба, Рита сега огласи и откако се преселија во изнајмена куќа.