Рита Вилсон го објави својот телефонски број од карантинот: Почнав да полудувам! ВИДЕО

656

Познатата актерка и пејачка Рита Вилсон, сопруга на холивудскиот актер Том Хекс, сè уште е во карантин во Австралија, откако неодамна беше хоспитализирана поради коронавирусот.

„Малку почнав да полудувам. Ова е мојот телефонски број (310) 299-9260. Испратете ми порака за да можам да ве известам што правам кога ќе бидам во вашиот град (кога еден ќе можеме да ги напуштиме домовите) и да можеме да останеме во контакт. Ќе ви испратам СМС-порака во догледно време. Исто така, ве замолувам да ми испратите нови предлози за песна за мојата карантинска топ-листа “, рекла Рита Вилсон (63) во видеото објавено на Инстаграм.






Инаку, актерката е многу активна на Инстаграм, а пред некој ден објави видео како рапува. Поточно, во видеото се гледа Рита Вилсон како чита книга, кога одеднаш започнува песната „Hip Hop Hooray“ од групата „Naughty“ и таа почнува да рапува.

 

Поврзани содржини