РИСТОВСКИ И МИЈОВСКИ ГЛАВНИ НАПАЃАЧИ Селекторот Милевски го одреди почетниот состав за дуелот со Бугарија
Натпреварот на Национална арена „Тодор Проески" ќе почне во 20:45 часот.
Благоја Милевски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, одлучи со кои 11 ќе стартува вечерва против Бугарија во последното коло од групата во Лигата на нации.
Во составот на Милевски се најдоа, како голман: Столе Димитриевски, во одбрана Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу, Ѓоко Зајков, Тодор Тодоровски, во средниот ред: Александар Трајковски, Енис Барди, Елиф Елмас и Езѓан Алиоски и во напад: Милан Ристовски и Бојан Миовски.
Натпреварот на Национална арена „Тодор Проески” ќе почне во 20:45 часот.