🎥 РИЧАРД ГИР „УДРИ“ ПО ДОНАЛД ТРАМП „Кој можеше да помисли дека ваков манијак ќе биде претседател на САД“

Холивудската легенда Ричард Гир го критикуваше Доналд Трамп во Осло, нарекувајќи го американскиот претседател „манијак“ кој „уништил речиси сè што било добро“ во Соединетите Американски Држави.

0

– Живееме во најтемниот момент што сум го доживеал на оваа планета – изјави 76-годишната холивудска ѕвезда Ричард Гир, на церемонијата на доделување награди во Осло за Меѓународната награда Вацлав Хавел за креативно несогласување (Vaclav Havel International Prize for Creative Dissent).

– Кој некогаш помислил дека Америка може да се преврти вака? Кој некогаш помислил дека ваков манијак ќе биде претседател на Соединетите Американски Држави? Првиот ден, овој човек демонтираше речиси сè што било добро кај американската влада и американскиот народ – изјави Гир пред публиката од стотици луѓе.






Гир и претходно го критикуваше Трамп и го нарече републиканецот „насилник“ во февруари 2025 година.

Додека ги објавуваше наградите во Осло, за затворениот кинески уметник Гао Жен и за мјанмарскиот дисидент против хунтата, Саи, Гир призна дека направил премалку во кампањата против враќањето на Трамп во Белата куќа.

– Како е ова воопшто можно? Затоа што заспавме. Не ни беше гајле. Не гласавме. Не слушавме – рече актерот.

Гир ѝ кажа на публиката дека неодамна го посетил нацистичкиот концентрационен логор во Дахау.

– Мора да ги видиме знаците, оваа диктатура на чудовиштата, колку брзо се случува. Мора да бидеме внимателни.

Долгогодишен поддржувач на Тибет и конвертит во будизмот, Гир често се среќаваше со Далај Лама, протераниот тибетски духовен водач обвинет од Кина за поттикнување сепаратизам во хималајскиот регион.

Од 2024 година, живее во Шпанија со својата трета сопруга, Алехандра Силва.

Поврзани содржини