РЕКАТА ОДНЕСЕ МОСТ ВО ДЕЛЧЕВСКО Го изградиле без потпорен ѕид

Градоначалник на Делчево Горан Трајковски денеска направи увид на мостот и најави дека откако ќе се согледа состојбата и ќе се намали нивото на реката, мостот ќе се санира.

2,840

Отсечен е мостот на реката Желевица, кој води кон селските гробишта во делчевското село Тработивиште. Единствениот мост кој води до гробиштата е отсечен поради врнежите кои го зафатија Пијанечкиот регион и ги зголемија нивоата на реките.

Жителите сведочат дека мостот не е направен квалитетно и дека после секој поголем дожд населението се соочува со овој проблем, односно дека досега неколку пати мостот бил отсечен.

Мостот е изграден пред 7 години, но жителите тврдат дека нема потпорен ѕид за да го заштити од пропаѓање.
Градоначалник на Делчево Горан Трајковски денеска направи увид на мостот и најави дека откако ќе се согледа состојбата и ќе се намали нивото на реката, мостот ќе се санира.

Поврзани содржини