Реал нема да купува нови играчи во текот на летото
Нема да има големи трансфери кај нас ова лето. Многу е тешко прво да ги замолите играчите да ги намалат платите, а потоа да трошите пари за да купите некого. Реал Мадрид ќе донесе некое засилување кога ќе се справи со тековните проблеми - изјави Перез.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека „кралскиот клуб“ нема намера да направи големи набавки во најблискиот трансфер прозорец.
– Нема да има големи трансфери кај нас ова лето. Многу е тешко прво да ги замолите играчите да ги намалат платите, а потоа да трошите пари за да купите некого. Реал Мадрид ќе донесе некое засилување кога ќе се справи со тековните проблеми – изјави Перез.
Реал Мадрид успеа по 34. пат да ја освои шампионската титула во Шпанското фудбалско првенство.