Повеќе од 70 лица во Њу Делхи, Индија, се ставени во карантин, откако се покажа дека доставувач на пица е позитивен на новиот коронавирус.
– Сите тие се ставени во карантин и ќе бидат тестирани доколку развијат симптоми – соопштија официјалните власти, пренесува Би Би Си.
Индија неодамна го продолжи карантинот во целата земја до 3 мај, а за тоа време е дозволена достава на храна и намирници.