„РАЗЛИКАТА Е ШТО ГОДИНАВА ТЕНДЕРОТ НЕ ГО ДОБИ ФИРМА БЛИСКА ДО ШИЛЕГОВ“ Град Скопје реагираше на тврдењата дека украсувањето било направено без јавен повик

Разликата сепак, помеѓу овогодинешното организирање на украсувањето на градот и претходните години е што сега имаме за 10 пати помали трошоци од она што било трошено изминатите две децении - разликата е и во тоа што оваа година парите за оваа намена не ги добила истата фирма која ги добивала досега. Фирма блиска до Шилегов која од бројни тендери испумпувала пари од градската каса. За ова, веќе се подготвени соодветни пријави, реагираат од Град Скопје.

539

Град Скопје реагираше на обвинувањата дека новогодишното украсување на плоштадот и центарот во Скопје било направено без распишан тендер. Во продолжение ја пренесуваме целата реакција:

„Украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој беше објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици.






Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно презентирано на јавноста. Оттука, секоја друга останата „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулации.

Разликата сепак, помеѓу овогодинешното организирање на украсувањето на градот и претходните години е што сега имаме за 10 пати помали трошоци од она што било трошено изминатите две децении – разликата е и во тоа што оваа година парите за оваа намена не ги добила истата фирма која ги добивала досега. Фирма блиска до Шилегов која од бројни тендери испумпувала пари од градската каса. За ова, веќе се подготвени соодветни пријави.

Жалиме што и покрај апелите за точно, балансирано и вистинито известување, дел од медиумите сè уште одработуваат политички агенди на заборавени „политичари“, велат од Град Скопје.

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ЌЕ ЧУКНЕ НА ПОРТАТА НА ГРАД СКОПЈЕ Ќе се истражува како Арсовска без тендер за украсувањето потрошила 30.000 евра

 

Поврзани содржини