РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ И ПОВРЕДЕНИ ВО ИРАН По експлозијата животот го загубија 18 лица, а над 800 завршија во болница
Портпаролот на иранската Организација за управување со кризи, Хосеин Зафари, изјави дека лошото складирање на хемикалии во контејнерите во пристаништето Раџаи е причина за несреќата.
Бројот на жртви од големата експлозија во пристаништето Раџаи во градот Бандар Абас на југот на Иран се зголеми на 18, а бројот на повредени на повеќе од 800, додека шест лица се водат како исчезнати, изјави началникот на одделот за управување со вонредни состојби во иранската покраина Хормозган, Мехрдад Хасанзаде.
Претходно беше објавено дека загинале 14 лица, а 752 се повредени.
Портпаролот на иранската Организација за управување со кризи, Хосеин Зафари, изјави дека лошото складирање на хемикалии во контејнерите во пристаништето Раџаи е причина за несреќата.
Силна експлозија избувна вчера во пристаништето Шахид Раџаи во јужниот ирански град Бандар Абас. Пристаништето главно прима контејнери, но има и резервоари за нафта и други петрохемиски инсталации.
BREAKING: Massive explosion hits the Iranian port of Bandar Abbas pic.twitter.com/PDNvcmCVOi
— BNO News (@BNONews) April 26, 2025