Расте бројот на посетители во Кавадаречко
Јанчев додаде дека раздвиженоста носи економски бенефит и нагласи дека во услови на пандемија, тоа не претставува никаков проблем, се додека се почитуваат мерките
Зголемен е бројот на посетители во Кавадаречко, љубители на природата кои од други места на државата доаѓаат на Тиквешко Езеро или поради селски туризам во селата од овој крај, информира денеска за МИА градоналалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Тој додаде дека раздвиженоста носи економски бенефит и нагласи дека во услови на пандемија, тоа не претставува никаков проблем, се додека се почитуваат мерките и протоколите за заштита од вирусот ковид-19. Носење заштитни маски, држење на дистанца и слично.