РАСОЛ ПРОТИВ МАМУРЛАК, СОК ОД СВЕЖА ЗЕЛКА ПРОТИВ ЦИРОЗА Зелката е кралица на зимскиот зеленчук

Зелката има антиканцерогени својства, а свежиот сок од зелка е стар природен лек за Хеликобактер пилори, го штити мозокот од штетните ефекти на слободните радикали и целокупната штета предизвикана од стареењето, а за лекување на анемија е во ист ранг како и високо ценетото цвекло.

1,585

Нејзините лисја ги нанесуваме на изгореници и повреди, додека мамурлакот го лечиме со расол, но лековитите својства на зелката се многу пошироки од овие неколку примени кои ни се познати на сите. Како природен антисептик, зелката делува превентивно на многу болести.
Познато е дека јаглехидратите и мастите се извор на енергија, додека протеините служат за градење на телото.

Во одредени дози, на човечкото тело му се потребни и витамини, минерали и други хранливи материи без кои човечкиот опстанок не би бил возможен.






Досега е откриено дека зелката е многу важен извор на минерални соли, витамини А, Б, Ц и особено витамин К, целулоза, фосфор, калциум, магнезиум, цинк, сулфур… Затоа се препорачува да се јаде свежа или кисело како салата во секое време од годината, особено во зима, заради што е наречена „кралица на зимскиот зеленчук“.
Значи, зелката е од непроценливо значење во исхраната, па затоа е голема заблуда да се смета за безвредна храна.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини