РАПЕРОТ РАСТА БИЛ УАПСЕН ВО ОХРИД Во хотелската соба му нашле дрога

1,865

Познатиот српски рапер Стефан Ѓуриќ Раста беше уапсен синоќа, 2 август, во Охрид. Тој требаше да настапи пред познатата светска ѕвезда Џејсон Деруло.

Српските медиуми пишуваат дека Раста е уапсен за поседување наркотици. Според нив, полицијата го уапсила пред хотелот, непосредно пред да отиде на настап.






Кај Раста била пронајдена марихуана, по што било наложено да се направи и претрес на неговата хотелска соба, пишуваат Блиц,рс.

Раперот во Македонија дошол од Црна Гора, каде бил на одмор со својата партнерка Марија Балабан.

Ова не е првпат Стефан Ѓуриќ Раста да биде уапсен за поседување наркотици.

Поврзани содржини