РАНЕТ Е ХРВАТСКИОТ КОНЗУЛ ВО ИЗРАЕЛ Погодена е зградата во која живее во Тел Авив
Хрватската амбасадорка во Израел вели дека евакуацијата засега не е можна.
Во денешните напади на Иран врз Израел е повреден и хрватскиот конзул и неговата сопруга, објавија хрватските медиуми.
Погодена била зградата каде што живее хрватскиот конзул во Тел Авив.Во нападот загинаа неколку лица, додека десетици беа повредени.
Хрватскатат амбасадорка во Израел, Весела Мрѓен Кораќ, потврди за порталот 24sata дека ситуацијата е исклучително сериозна.
-Во нападот загинаа неколку лица, додека десетици беа повредени. Меѓу повредените се и хрватскиот конзул и неговата сопруга, кои претрпеа полесни повреди. Неговата сопруга има гребнатини на главата, а конзулот на ногата.Зградата каде што престојуваа претрпе сериозни оштетувања. Поради затворениот воздушен простор и честите напади, евакуацијата засега не е можна – рече амбасадорката.