РАМИЗ МЕРКО ПОБЕДИ ВО СТРУГА Идри Истрефи призна пораз

Заедно со тоа и напорот да се направи најдоброто, за Струга, за генерациите што доаѓаат. Се ќе биде поправено по анализата за тоа каде погрешивме - пиша противкандидатот Истрефи.

584

По четврти пат Рамиз Мерко ќе биде градоначалник на Општина Струга. Неговиот против кандидат Идри Истерфи од Алијанса на Албанците го призна поразот и напиша – „Не успеавме“.

– Се боревме со сета енергија што ја имавме, но очигледно тоа не беше доволно за да ја добиеме Струга. Животот продолжува. Заедно со тоа и напорот да се направи најдоброто, за Струга, за генерациите што доаѓаат. Се ќе биде поправено по анализата за тоа каде погрешивме. Ваквиот развој на настаните никако не треба да влијае врз животот на обичниот стружанец. Но, сакам да ви се заблагодарам. Сакам да се извинам што не направив повеќе. Голема благодарност до вас, вие сте најдобри – напиша Истефи.






Претходно, пораз призна Теута Арифи од ДУИ, која му честиташе на нејзиниот противкандидат од Беса, Биљал Касами.

Поврзани содржини