РАМА Е НА ПРАГОТ НА ПОБЕДА СО АПСОЛУТНО МНОЗИНСТВО ВО ПАРЛАМЕНТОТ Бериша обвинува дека „силеџиите од Драч“ се обидуваат да извршат изборна манипулација

Социјалистичката партија, според излезните анкети и според првичните податоци од Централната изборна комисија, освоила околу 53,26% од гласовите, што ѝ обезбедува најмалку 82 пратеници. Најсилна поддршка добила во Тирана, Фиер, Драч и Елбасан. Демократската партија на Сали Бериша има околу 38% и ќе освои 50 мандати - 13 помалку од заедничкиот настап со Социјалистичкото движење за интеграција на претходните избори.

100

На парламентарните избори во Албанија, одржани на 11 мај, Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама е во убедливо водство. Според првичните резултати е на прагот да обезбеди апсолутно мнозинство во парламентот.

Според излезните анкети и првичните податоци од Централната изборна комисија, Социјалистичката партија освоила околу 53,26% од гласовите. Тоа ѝ носи најмалку 82 пратенички мандати. Најдобри резултати партијата има во главниот град Тирана, како и во окрузите Фиер, Драч и Елбасан.






Демократската партија на Сали Бериша освоила околу 38% од гласовите и ќе има 50 мандати – 13 помалку од заедничкиот настап со Социјалистичкото движење за интеграција (СМИ) на претходните избори.

Бериша не даде конкретен одговор дали ќе ги признае резултатите. На прес-конференцијата рече дека „силеџиите од Драч“ се обидуваат да извршат изборна манипулација.

Во парламентот ќе влезат и неколку нови политички субјекти. Социјалдемократската партија (ПСД) на Том Доши ќе има 4 мандати, коалицијата „Nisma Shqipëria fëster“ освои 2, додека, пак, Партијата на можности и Движењето Заедно ќе имаат по еден пратеник.

Ниска излезност во споредба со 2021 година

Централната изборна комисија информираше дека излезноста до 18 часот на денот на изборите била 41,37%, што е неколку проценти помалку од излезноста на изборите во 2021 година, кога таа изнесуваше 45,48%.

До утрото на 12 мај беа пребројани 1.083 гласачки кутии од вкупно 5.225. Социјалистите во тој момент веќе имаа стабилно водство. Лидерот Еди Рама на социјалните мрежи сподели фотографија од партиското седиште со опис: „Каква зора е денес“, прославувајќи ја изборната победа.

Поврзани содржини