Ракометниот клуб Охрид завиен во тага: Нема зборови на утеха, замина прерано нашиот Никола Даниловски
Беживотното тело на младиот спортист утрово било пронајдено во водите на Охридското Езеро, кај туристичката населба Лагадин. Според првичните информации од увидот, на телото немало траги од насилство.
Веста за трагичната смрт на голманот на ГРК Охрид Никола Даниловски ја потресе охридската спортска јавност.
Од матичниот клуб на Даниловски во тага и жалење за изгубениот млад живот, изразија сочувство до семејството на младиот голман.
„Затечени и потресени сме од трагичната вест за прераната смрт на нашиот голман Никола Даниловски. Нашите мисли во овие моменти се со семејството на Никола, на кое му изразуваме длабоко сочувство. Загубата е огромна и не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат големата болка“, велат од РК Охрид.
Младиот голман во Охрид дојде како засилување од Металург, а има настапувано уште и за битолски Пелистер. Повремено беше и голман во националниот ракометен тим.
Беживотното тело на младиот спортист утрово било пронајдено во водите на Охридското Езеро, кај туристичката населба Лагадин. Според првичните информации од увидот, на телото немало траги од насилство.
Екипа на СВР Охрид во присуство на јавен обивнител извршила увид на лице место, а истрагата треба да ги покаже околностите и причините за настапувањето на смртта