Ракометарот Миркуловски и тројца дански играчи се позитивни на коронавирус

Веднаш после враќањето во клубот имал позитивен тест, па според протоколот е ставен во изолација.

440

Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски е позитивен на коронавирус, соопшти неговиот клуб „Валцер“.

Миркулоски беше дел од репрезентацијата на Македонија во квалификациските натпревари против Данска за настап на ЕВРО 2022 година.






Веднаш после враќањето во клубот имал позитивен тест, па според протоколот е ставен во изолација.

„Филип Миркуловски е позитивен на коронавирус и надвор од тимот ќе биде во следните две седмици. Тој по враќањето од репрезентативните обврски немаше контакт со ниту едно лице од тимот, што значи дека нема потреба за дополнителни грижи“, стои во соопштението од клубот.

Од данската селекција, Ханс Линдберг, Ласе Мелер и Јакоб Холм се позитивни на коронавирус, а браќата Ландин, Халд и Менса Ларсен се во изолација и не смеат да излегуваат од дома, додека Мелгард кој имал најблизок контакт со Линдберг, исто така ќе биде во изолација.

 

Поврзани содржини