📽 РАКЕТАТА НА ИЛОН МАСК СЕ РАСПРСНА ВО ВСЕЛЕНАТА Запалени делови паѓаа кај Флорида и кај Бахами
Утврдено е дека моторите на ракетата ѝ биле исклучени, а таа почнала да ротира. Компанијата „Спејс икс“ емитуваше сè во живо и потврди дека изгубила контакт со леталото.
Илон Маск доживеа втор неуспех во неговата ракетна програма „Марс“. Имено, неговото вселенско летало „Спејс икс Старшип“ експлодирало во четвртокот, неколку минути по полетувањето од Тексас, објави Хиндустан тајмс.
Утврдено е дека моторите на ракетата ѝ биле исклучени, а таа почнала да ротира. Компанијата „Спејс икс“ емитуваше сè во живо и потврди дека изгубила контакт со леталото.
„За жал, ова ни се случи минатиот пат, па барем сега имаме одредено искуство“, изјави портпаролот на „Спејс икс“, Ден Хут, за време на емитувањето по што емитувањето беше прекинато, а немаше информации каде што паднале остатоците.
Неколку видеа на социјалните мрежи покажаа остатоци од вселенското летало, слични на огнена топка, како се провлекуваат низ самракот во близина на јужна Флорида и на Бахами.
За среќа, во ракетата немало астронаути.
Неуспехот на осмото лансирање на „Старшип“ доаѓа нешто повеќе од еден месец по седмото лансирање, кое, исто така, заврши со експлозија.
Федералната управа за авијација накратко издаде известување за запирање на воздушниот сообраќај на аеродромите во Мајами, Форт Лодердејл, Палм Бич и во Орландо поради „остатоци од лансирањето во вселената“.
— Elon Musk (@elonmusk) March 7, 2025