РАБОТЕЛ КАКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, ОБЈАВИЛ РОК АЛБУМ, ЕДНАШ ИМАЛ ДЕВОЈКА Необични факти за папата Франциско
Папата Франциско на 21 година заболел од воспаление на белите дробови, кое било опасно по живот, и развил три цисти. За да преживее во борбата против болеста, му бил отсечен дел од овој орган.
За разлика од сите други папи во историјата, актуелниот папа Франциско имал прилично необичен живот пред да седне на тронот. Роден е во просторите на денешна Сирија, а интересно за него е тоа што повеќе од 60 години живее бел еден дел од белите дробови. Исто така, необично е тоа што во младоста работел како обезбедувач во ноќен клуб, а телевизија последен пат гледал во 1990 година.
Во продолжение ви ги пренесуваме најчудните факти за папата Франциско:
Изгубил дел од белите дробови
Папата Франциско на 21 година заболел од воспаление на белите дробови, кое било опасно по живот, и развил три цисти. За да преживее во борбата против болеста, му бил отсечен дел од овој орган. Иако загубата на поголемиот дел од едното белодробно крило не го загрозила неговото здравје или животен век, не му е дозволено да прави било какви напорни вежби.
Работел како обезбедувач во ноќен клуб
Додека бил студент во Буенос Аирес, папата Франциско работел како обезбедување во локален бар за да заработи дополнителни пари. Работел и како хемиски технолог пред почетокот на своите богословски студии.
Сака танго
Како млад, едно од омилените хобија на папата Франциско било танцувањето со пријателите. Имал и омилен танц.
„Обожувам танго и многу танцував како млад“, открива папата во својата биографија.
Нема гледано телевизија од 1990 година
Папата Франциско нема гледано телевизија од 15 јуни 1990 година, откако се обврзал пред Богородица и ѝ ветил дека ќе се воздржува од гледање телевизија. Поради тоа ретко го гледал Сан Лоренц – фудбалскиот тим за кој навивал како момче. Тој нивните успеси ги следи преку весниците.
Има фудбалски тим наречен по него
Клубот Депоритво Папа Франциско е полупрофесионален фудбалски клуб со седиште во Сан Франциско Солано во провинцијата Буенос Аирес и е наречен во чест на папата.
Објавил рок албум
Папата Франциско објавил прогресивен рок албум наречен „Wake Up!“ во ноември 2015 година. Се состои од различни говори на папата Франциско, снимени помеѓу 2013 и 2014 година. Секој е проследен со музички нумери, молитви и песни кои опфаќаат различни жанрови.
Еднаш имал девојка
Папата Франциско во младите години бил романтично поврзан со анонимна жена, но тоа не можело да се сокрие.
„Таа ми беше пријателка со која одев да танцувам. Но, потоа го открив својот верски повик“, открил папата во една прилика.