ПУТИН СТРАДА ПОРАДИ НАПАДОТ ВО МОСКВА Песков вели дека малкумина знаат низ што минува рускиот претседател

Малку е веројатно дека некој знае и разбира низ што минува тој, вклучително и вие и јас, додаде Песков.

575

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков изјави дека Путин бил потресен од терористичкиот напад во Москва што се случи пред една недела, јавува РИА Новости.

– Шефот на државата е многу загрижен поради ваквите трагедии. Верувајте ми, дури и ако не гледате солзи на неговото лице, тоа не значи дека не страда – рече Песков во интервју за рускиот новинар Павел Зарубин.






– Малку е веројатно дека некој знае и разбира низ што минува тој, вклучително и вие и јас – додаде Песков.

Претходно во медиумите и во јавноста во Русија беше забележано дека Путин не присуствуваше на оддавањето почит на жртвите, ниту ги посети семејствата на жртвите и ранетите. Тој во средата отпатува во музеј во регионот Твер, а во четвртокот беше на состанок на туризам.

Во тоа време Кремљ соопшти дека Путин нема да план да оди на местото на нападот ниту да се сретне со семејствата на жртвите.

 

 

Поврзани содржини