ПУТИН ЌЕ МОБИЛИЗИРА МЛАДИ РУСИ, ПЛАНИРА ОФАНЗИВА? Трамп повика 100 генерали на итен состанок
Додека Москва објави дека ќе регутира 135.000 граѓани, американскиот претседател Доналд Трамп привлекува внимание со одлуката итнода повика стотина генерали и високи воени команданти на средба во база Квантико, Вирџинија.
Рускиот претседател Владимир Путин планира масовна мобилизација на 135.000 граѓани од Русија на возраст од 18 до 30 години, сугерира според уредба објавена на официјалниот портал на армијата.
Регрутација треба да биде извршена во периодот од 1 октомври до 31 декември. Одлуката на Путин доаѓа во време на шпекулации за можна ескалација на војната и најавите дека Трамп размислува да ѝ достави на Украина ракети со долг дострел од типот Томахавк, Кремљ објави уредба за новата мобилизација на резервисти.
Независни аналитичари предупредуваат дека мобилизацијата може да значи подготовка за нови фронтови или задржување на моменталната интензивност на офанзивите иако руското министерство соопшти дека се работи за редовна обнова на кадарот.
Во истиот момент, од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп привлекува внимание со одлуката итнода повика стотина генерали и високи воени команданти на средба во база Квантико, Вирџинија, за да разговараат за воената готовност и состојбата на војската, пренесе Б92.
Овој тип на собирање е невообичаен по обем, и не се наведени јасни причини во јавните соопштенија за тоа зошто е свикан.
Според извештаите, секретарот на САД за безбедност Пит Хегсет планира да го употреби собирот да пренесе концепт на „воениот етос“ („warrior ethos“) и да ја потенцира потребата од обновување на стандарди и дисциплина во армијата.
Еј-Би-Си Њуз пишува дека некои извори велат дека целата дискусија може да биде кратка, околу 30 минути за главни пораки, додека други проценуваат дека логистички ќе биде значајно сложено, со оглед на бројот на присутните офицери и нивната распределба во светот.
Трамп, според јавни соопштенија, ќе учествува на тој состанок и ќе им се обрати на офицерите. Тој најави дека има намера да ги охрабри, да ги нарече „ценети лидери“, и да истакне вредности како сила, разум и сочувство.
Собирот се одржува во време кога Трамп ја врати ознаката „Министерство на војната“ (Department of War) за Пентагон, што ја нагласува неговата идеја за враќање кон поагресивен и традиционален воен пристап.
Во врска со новите планови на САД, „Волстрит џурнал“ денеска објави дека Пентагон побарал забрзано зголемување на производството на ракети и 12 клучни системи во случај на потенцијален конфликт со Кина.
– Загрижени за ниското ниво на залихи на оружје што САД би ги имале на располагање во случај на конфликт со Кина, Пентагон ги повикува добавувачите на ракети да ги удвојат, па дури и четирикратно, стапките на производство – рекол неименуван извор за весникот.