📽 ПУТИН Ѝ ДАЛ ПЕТКА НА МЕЛАНИЈА ДОДЕКА РАЗГОВАРАЛ СО ТРАМП „Повеќе ја сакаат од тебе, Доналд“

Додека разговарале за можностите за завршување на војната во Украина, претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател Владимир Путин, зборувале и за првата дама на САД. Путин, наводно, ја пофалил Меланија Трамп со зборовите: „Вашата сопруга е многу почитувана, Америка има среќа што ја има како прва дама.“

1,113

Во наводно пријателскиот телефонски разговор, претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател Владимир Путин разговарале не само за решавање на конфликтот во Украина, туку и за сопругата на Трамп, Меланија, објави Њузвик.

Трамп рече дека Путин ја пофалил првата дама со зборовите: „Вашата сопруга е многу почитувана, Америка има среќа што има таква прва дама“.






Трамп, пак, ја прифатил пофалбата со насмевка и со хумористичен тон прашал: „А што мислат тие за мене?“

Путин, не останувајќи должен, се пошегувал и одговорил: „Не, нејзе повеќе ја сакаат од вас“.

Поврзани содржини