ПУКОТНИЦИ НА ПЛАЖА КАЈ ВАЛОНА Туристите во паника, има повредени
Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, а ангажирани се и припадници на единицата за брзо распоредување.
Инцидент со пукотници од огнено оружје се случил на плажата Радиме, кај албанскиот приморски град Валона.
Како што пренесуваат албанските медиуми, има повреди, а туристите во паника го напуштиле местото.
Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, а ангажирани се и припадници на единицата за брзо распоредување.
Пристигнуваат и возила за брза помош.
Се врши увид, засега не е познат мотивот.